Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Љупче Дориев, македонскиот фудбалски интернационалец, продолжува да се истакнува во узбекистанската фудбалска лига, каде што игра за тимот на Согдиана.
На последниот натпревар против тимот на Хоразм Урганч, тој постигна гол што обезбеди значајна победа за неговиот тим со резултат од 1:0.
Со прецизен удар во 84-та минута, Дориев ја затресе противничката мрежа и му донесе три бода на Согдиана. Оваа важна интервенција не само што беше од огромна важност за тимот, туку и му донесе на македонскиот офанзивец место во идеалниот тим на колото во Узбекистан.
Фото: Принтскрин