Дориев разочаран: Ја разбирам одлуката на Милевски, но заслужувам објаснување


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македнија во квалификациите за Европското првенство (ЕП) треба да се соочи против Италија и Англија во следните денови, а на списокот на селекторот Благоја Милевски не се најде Љупче Дориев.

Дориев игра добро за неговиот клуб, но и покрај тоа Милевски не го повика за следните натпревари на Македонија.

„Жалам што нема да бидам дел од репрезентацијата на следните два меча, иако сум во добра форма и постигнувам голови за мојат екипа. Сепак, го почитувам изборот на селекторот како и секогаш. Јас сум убеден дека тој знае што е најдобро во моментов за Македнија. Мислам дека заслужувам повик или порака од селекторот како објаснување зошто не сум дел од репрезентацијата. Ќе продолжам да работам уште понапорно и успешно за да добијам повик и да бидам повторно дел од националниот тим. На колегите им посакувам успех и добар резултат против Италија и Англија. Заеднички сите до успех на последните два натпревари во овој циклус“, вели Дориев.