Дориев: Шкендија сака да ја врати титулата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шкендија загуби на пенали од шведски АИК во Конференциската лига, па тетовци сега се посветуваат на предизвиците во домашниот шампионат и сакаат победа против Силекс.

Љупче Дориев вели дека Шкендија оди на победа против Силекс и кажа дека нивна цел оваа сезона е освојување на титулата.

„Новата сезона ја почнуваме мотивирано, а целта ни е да ја вратиме титулата. Играме против Силекс и имаме почит за ривалот, но одиме на победа. Верувам дека ќе одиграме добро, како што игравме во дуелите од Конференциската лига“, кажа Дориев.