Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас привлече голем интерес од европските екипи, но во моментов е сконцентриран на тимот на Наполи и настапот на Македонија на Европското првенство.
Елмас не добива голема минутажа кај тренерот Џенаро Гатузо, па италијанските медиуми шпекулираа дека ќе си замине во јануари и притоа пристигнаа понуди од Бенфика, Борусија Менхенгладбах и Борусија Дортмунд, но Наполи ги одбил сите.
Менаџерот на македонскиот фудбалер кажа дека Елмас сака да остане во Неапол до лето, иако има мала минутажа во екипата.
„Елмас сака да ја заврши сезоната во Наполи, не сака да си замине, а во јуни ќе се сконцентрира на Европското првенство со Македонија, која ќе дебитира“, кажал неговиот менаџер.
Наполи го купи македонскиот фудбалер од Фенербахче за 16 милиони евра, а Елмас има договор до 2025 година.