Дортмунд го нападна Гвардиола: Ти потроши милијарда евра, немаш право да зборуваш!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Борусија Дортмунд вечерва ќе се соочи со Манчестер сити во реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампиони, а атмосферата пред дербито не е најдобра затоа што Пеп Гвардиола почна вербална војна со „милионерите“.

Гвардиола ги нападна „милионерите“ дека давале премногу пари на менаџерите за да ангажираат млади талентирани фудбалери, а според податоците, Дортмунд потрошил 10 милиони фунти повеќе на менаџери од Манчестер сити.

Секако, на ова не останаа мирни од Германија, па реагираше спортскиот директор Ханс Вацке.

„Во последните пет години тие потрошија скоро милијарда фунти на нови играчи. За пет години?! Кој друг има можност да го стори тоа? Гвардиола нема право да ги критикува другите”, вели Вацке.