Дортмунд го продаде Халанд, па си купи нов напаѓач за 38 милиони евра!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ерлинг Халанд се сели во Манчестер сити за 60 милиони евра, а Борусија Дортмунд веднаш најде негова замена и плати 38 милиони евра за услугите на Карим Адејеми.

Адејеми доаѓа во редовите на бундеслигашот од екипата на Ред Бул Салцбург, а трансферот беше потврден преку социјалните мрежи.

Младиот напаѓач привлече големо внимание на себе со одличните настапи и избори повик во репрезентацијата, а сега направи и голем трансфер во Дортмунд со кој потпиша договор до 2027 година.