Дортмунд објави нови информации за здравствената состојба на Але


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новиот напаѓач на Борусија Дортмунд, Себастијан Але дозна дека имаше тумор на тестисите поради кој замина на операција, а бундеслигашот објави соопштение со нови информации.

„Милионерите“ го потврдија тоа што се очекуваше, па така Але го очекува пауза од неколку месеци.

„Планот за рехабилитација има неколку опции, па ги молиме сите за трпение. Себасијан ќе мора да одмора неколку месеци. Во моментов оди сè во најдобар ред“, соопштија од Борусија.

Але неодамна стигна во Борусија од Ајакс, а неговиот трансфер изнесуваше 35 милиони евра, додека во редовите на Дортмунд требаше да го замени Ерлинг Халанд.

Борусија поради тоа ќе мора да бара ново решение во нападот, а со клубот се поврзуваат неколку напаѓачи.