Дортмунд остана без важен фудбалер за мечот со Челси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Борусија Дортмунд игра одлично во 2023 година и победи на сите шест натпревари, но по последниот меч против Вердер Бремен стигна и лоша вест.

Талентираниот напаѓач Јусуфа Мукоко се повреди и го чека пауза од шест недели, односно ќе го пропушти дуелот со Челси, а тоа не е добро за „милионерите“ кои утре ќе го пречекаат англискиот гигант.

Мукоко оваа сезона постигна шест гола и четири асистенции за „милионерите“ и на теренот е еден од најважните фудбалери на бундеслигашот.

Натпреварот меѓу Дортмунд и Челси се игра утре од 21.00 часот.