Дортмунд побарал фудбалер на Манчестер Јунајтедво замена за Санчо, „ѓаволите“ со експресен одговор


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Од Борусија Дортмунд го побарале младиот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд во замена за Џејдон Санчо.

„Милионерите“ побарале младиот фудбалер на Јунајтед да биде вклучен во понудата за Санчо, меѓутоа како што јавува „ЕСПН“ од Манчестер Јунајтед веднаш ја одбиле таа можност.

Гринвуд важи за еден од најталентираните фудбалери на Манчестер Јунајтед во поновата историја,а оваа сезона под водство на Оле Гунар Солскјер веќе постигна 14 погодоци во дресот на „ѓаволите“.