Дортмунд за враќање на Санчо ќе плати „само“ 500.000 евра!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските медиуми пишуваат дека Борусија Дортмунд е подготвена да го врати Џејдон Санчо, а за позајмицата на Манчестер јунајтед ќе му плати само пола милион евра.

„Ѓаволите“ и „милионерите“ се во напредни преговори за Санчо, а Англичанецот треба да се врати во Дортмунд на шестмесечна позајмица.

Медиумите пишуваат дека Дортмунд е подготвен да плати само 500.000 евра за позајмицата на Санчо, а исто така нема да ја покрива цела плата на англискиот фудбалер, туку само една третина.

Тоа значи дека Дортмунд за плата ќе издвои три милиони евра, додека остатокот ќе го покријат „црвените ѓаволи“.