Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Португалскиот тренер Жозе Мурињо планира наскоро да се врати на тренерската работа, откако е без ангажман од декември 2018 година.
Мурињо во моментов е стручен коментатор на „Скај Спортс“, а одморот му здосадил, па бара соодветна екипа.
„Уморен сум од одморот. Првпат живеев во стил на навивач, сега знам како им е кога трае преодниот рок. Барам клуб за себе, па ќе видиме“, кажа Мурињо.
Почнаа шпекулации за нов клуб на Португалецот, а највлијателниот светски менаџер Жорж Мендеш веќе некое време го нуди Мурињо на италијански, шпански и англиски гиганти.
Мурињо во тренерската кариера ги предводеше Бенфика, Порто, Челси, Интер, Реал Мадрид и Манчестер јунајтед.