Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Возачот на Дукати, Андреа Довициозо ја освои пол позицијата на големата награда во Холандија.
Довициозо стигна до првата пол позиција оваа сезона, а четврта во кралската класа со време од 1:45.246.
Италијанците ќе стартуваат од првиот ред утре од 14:00 часот. Валентино Роси заврши на второто место, а Скот Рединг на третото место.
Водечкиот во генералниот пласман, Марк Маркез ќе стартува од четвртата позиција, а шест позиции пред Хорхе Лоренцо.
Првото изненадување беше видено во првиот дел на квалификациите кои Дани Педроса не успеа да се квалификува понатаму. Искусниот Шпанец ќе стартува од 15-та позиција.
Маркез на почетокот на вториот дел направи грешка и излета, но го зеде резервниот мотор и заврши 4-тата позиција.