Дождот ја скрати трката во Монако: Перез ја искористи грешката на Ферари


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По малку досадна трка гледавме во Монте Карло затоа што немаше премногу возбудувања, а временските услови дополнително ја скратија и тоа му помогна на Серхио Перез да слави на патеката.

Перез од Ред Бул славеше пред Карлос Саинц од Ферари со кој имаше неколку блиску битки, но тесната патека не дозволи преминувања.

Зад Перез и Саинц заврши актуелниот светски шампион Макс Ферстапен, додека Шарл Леклер од Ферари ја заврши трката на четвртата позиција.

По нив следеше Џорџ расел од Мерцедес, додека шести низ целта мина Ландо Норис од Мекларен.

Бодови освоија и Фернандо Алонсо, Луис Хамилтон, Валтери Ботас и Себастијан Фетел.