Доживеа нов срам, а потоа ги изненади ѕвездите на Јунајтед со порака на „ВацАп“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер јунајтед загуби уште едно дерби во Премиерлигата, и тоа овој пат од градскиот ривал Манчестер сити со 0-2.

Повторно под притисок се наоѓа тренерот Оле Гунар Солскјер, за кој навивачите бараат оакз затоа што сметаат дека Јунајтед го предводи многу лошо во последно време.

Солскјер лесно го губи авторитетот во соблекувалната затоа што англиските медиуми објавија дека Кристијано Роналдо и Бруно Фернандеш почнале бунт против Норвежанецот.

Меѓутоа, тренерот повторно ги изненадил своите фудбалери, кои очекувале да имаат тренинг во текот на вчерашниот ден.

Норвежанецот им испратил порака на „ВацАп“ дека тренинг нема да има и им дал дури седум слободни дена затоа што заминал со семејството во неговата татковина.