Доживотно суспендиран тенисер тврди дека го донел Ковид-19 во својот град!


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Понекогаш човечката глупост не знае за граница, а тоа го покажа доживотно суспендираниот бразилски тенисер Жоао Соуза.

Сега веќе поранешниот тенисер објави видео-снимка од разговор со својата сестра на која тврди дека го донеле коронавирусот во близина на Сао Паоло.

Таа шега предизвика бура во Бразил, а веднаш потоа Соуза и неговата сестра решија да го избришат видеото и да се извинат.

„Не сакавме никого да заразиме со коронавирус. Тоа беше само шега. Жал ни е, ние сме здрави и живи“, порача Соуза.

Соуза е познат од претходно на полицијата, откако пред неколку години беше доживотно суспендиран од тенисот поради местење на натпревари.