Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Главни ѕвезди на фестивалот во Сан Ремо синоќа беа Златан Ибрахимовиќ и Синиша Михајловиќ, кои со својот настап ги насмеаа сите.
Овие двајца ја пееја песната „Вагабундо“ и потоа разговараа за нивниот пријателски однос и детали кои на никој досега не му беа познати.
Михајловиќ зборуваше за борбата со леукемијата, а потоа микрофонот во свои раце го зема 39-годишниот напаѓач.
„Кога дознав дека има лекуемија, немав сила да му се јавам. Поминаа неколку дена, му се јавив и не можев да зборувам. На крајот, тој ме убеди дека ќе помине болеста. Тоа беше посебно искуство. Му понудив било каква помош, бев тука за него“, вели Ибрахимовиќ.