Драма na 80 дена пред почетокот на Светското првенство! Аргентина без Лео Меси на Мундијалот!?


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Светското првенство кое ќе се одржи во Америка, Канада и Мексико е се поблиску и остануваат помалку од три месеци до неговиот почеток.

Големи вести пристигнуваат од аргентинскиот табор, бидејќи постои можност тие на Светското првенство да бидат без Лионел Меси.

Имено, според зборовите на селекторот Лионел Скалони, Меси сè уште не донел одлука дали ќе игра на Светското првенство или не.

Се наоѓаме во чудна ситуација бидејќи остануваат уште 81 ден до почетокот на Светското првенство.

“Тоа е прашање за него”, изјави Скалони откако доби прашање дали Меси ќе настапи на Светското првенство оваа година.

Меси беше најдобриот играч на последното Светско првенство кое се одржа во 2022 година.

“Што се однесува до мене, знаете како размислувам. Ќе направам сè за тој да биде таму. Верувам дека морам да го направам тоа и дека поради фудбалот тој треба да биде таму.

Но, не сум јас тој што одлучува. Тој мора да донесе одлука врз основа на тоа како се чувствува во умот, но и физички.

Не е лесно бидејќи не сакаат само Аргентинците да го видат таму. Целиот свет тоа го сака.