Драма на Евробаскетот: Селекторот на Германија итно во болница


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Селекторот на кошаркарската репрезентација на Германија Алекс Мумбру итно беше хоспитализиран. Ден пред почетокот на Евробаскетот Алекс Мумбру беше примен во болница утрово и лекарите одлучија да го задржат.

Засега нема премногу информации за тоа што му се случи на Мумбру, а се споменува само дека станува збор за инфекција. Алекс Мумбру е задржан во болница во финското Тампере и веќе е познато дека нема да ги води „панцирите“ на првиот натпревар против Црна Гора.

Според информациите од „Баскетњуз“, не е познато колку долго ќе треба Мумбру да остане во болница, а засега единствено е сигурно дека на натпреварот против Црна Гора ќе го замени Алан Ибрахимаѓиќ, неговиот прв помошник во репрезентацијата на Германија.

Фото: Принтскрин