Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Приватниот авион на Лионел Меси принудно слетал во Брисел поради проблем. Леталото вредно 11 милиони евра требало да пристигне до Тенерифе, но имало дефект, поради што морало да слета во Брисел во 9.18 часот.
Час ипол подоцна повторно полетал авионот и во воздух бил 43 минути, по што се вратил повторно на аеродромот во Брисел.
Уште не е познато дали Меси или некој од неговото семејство бил во авионот. Тој претходно летал од Сан Карлос до Бразил во лет, кој траел 5 часа и 51 минута.
Потоа полетале од Бразил во 7.19 часот по локално време, за девет часа подоцна да слетаат принудно во Брисел.