Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Свеечното отворање на Светското првенство во Мексико донесе вистинска драма за легендарниот бразилски фудбалер Марсело. Бившиот лев бек на Реал Мадрид дојде во Мексико Сити за да го следи спектаклот во живо, но по натпреварот се најде среде насилни протести.
Иако споделуваше фотографии на социјалните мрежи од отворањето и победата на Мексико против Јужна Африка со 2:0, не ги спомена вознемирувачките моменти кои ги преживеа. Имено, по завршувањето на натпреварот, славниот Бразилец остана заробен во хаосот на судирите меѓу демонстрантите и полицијата околу стадионот Астека. Според шпанските медиуми, властите ја процениле ситуацијата како многу ризична за фудбалерот.
Мексиканските власти организираа опсежна безбедносна операција со илјадници полицајци за да обезбедат мирно отворање на првенството. Сепак, различни општествени движења го искористија настанот за протести пред, за време и по натпреварот. На неколку локации околу стадионот дојде до жестоки судири меѓу демонстрантите и безбедносните сили.
Штом полицијата го забележа Марсело среде метежот и безредието, веднаш реагираше. Со брза интервенција успеаја да го заштитат и безбедно да го изведат од опасната зона. За среќа, фудбалерот беше евакуиран без никакви повреди, а целиот настан за него заврши само со голем страв. Снимката од евакуацијата погледнете ОВДЕ.
















