Драма во домот на Ди Марија: Крадци го преплашиле Влаховиќ, се користело и огнено оружје!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Двете ѕвезди на Јувентус, Анхел Ди Марија и Душан Влаховиќ доживеале вистинска драма во домот на Аргентинецот во Италија, откако маскирани лица се обиделе да ги ограбат.

Италијанските медиуми пишуваат дека во текот на грабежот било користено и огнено оружје, а за среќа полицијата брзо интервенирала и фудбалерите останале неповредени.

Полициските службеници успеале да уапсат еден од крадците, додека останатите членови на криминалната група избегале и по нив се трага во моментов.

Медиумите од Апенините откриваат дека инцидентот во домот на Ди Марија се случи пред мечот меѓу Јувентус и Макаби во Лигата на шампиони (ЛШ).