Драма во Њујорк: Навивач си ги залепи стапалата на трибините (Видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Вистинска драма се случуваше на „Артур Еш“ на мечот меѓу Коко Гоф и Каролина Мухова, кога еден навивач реши да си ги залепи нозете во знак на протест.

Тројца луѓе на трибините почнаа протест и почнаа да викаат „Престанете да ги користите фосилните горива“.

Обезбедувањето лесно совлада двајца од нив, додека третиот со лепак си ги залепи нозете за бетонот.

Со помош на медицински тим, по 50 минути, и третиот навивач беше отстранет од трибините на „Артур Еш“.

Натпреварот ѝ припадна на Гоф, која во два сета ја совлада Мухова и избори финале против Арина Сабаленка.