Драма во Париз: Икарди му прави проблеми на ПСЖ


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди имаше неколку понуди од Италија и Франција, но реши да остане во ПСЖ, иако најверојатно нема да добие шанса за игра.

Иако не е во прв план на тренерот, сепак Икарди зема голема плата и поради тоа не сака да си замине од клубот со кој има договор на уште две години.

Тренерот Жозе Мурињо претходно разговараше за трансфер на Икарди, но Аргентинецот му кажа на Луис Кампос дека не планира да си замине од ПСЖ.

Икарди во Париз зема 12 милиони евра годишно, а тешко дека некој друг клуб може да му даде толку многу пари, па тоа е главна причина зошто искусниот напаѓач не сака да ја смени екипата.