Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Со натпреварите од 30. коло беше завршено фудбалското првенство во Русија. Последното коло го реши прашањето за шампионот, но и вториот патник во Лигата на шампиони, а тоа е Спартак.
Најголем губитник е гигантот ЦСКА, која денеска беше поразена од Динамо со 2-3 и така втора година по ред остана без пласман во Европа, зашто првенството го заврши на шестата позиција.
Во Лига Европа ќе играат Локомотив Москва и освојувачот на Купот, додека во Конференциската лига на УЕФА ќе настапат Рубин Казан и Сочи, кој постигна историски резултат.