Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Изгледа дека во Турција без драма неможе никогаш и во ништо. Новата фудбалска сезона за вовед го имаше инцидентот на автопатот во Истанбул каде навивачите на Галата го каменуваа автобусот со пристапници од Бешикташ.
Инаку, се играше супер куп на Турција помеѓу Бешикташ и Галатасарај а трофејот го однесе Галатасарај после изведување на пенали.
После 120 минути беше 1:1, па мораа да се шутираат удари од белата точка за да се донесе победникот.
Јунакот беше Фернандо Муслера, сјајниот аргентинец кој одбрани два од првите три пенали шутирани од играчите на Бешикташ.
Во регуларните 90 минути беше 0:0, првиот гол го постигнаа Галатасарај во 100тата минута, а после седум минути си постигнаа автогол и резултатот повторно беше изедначен.