Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Поранешните најмоќни луѓе во светот на фудбалот, Сеп Блатер и Мишел Платини паднаа пред неколку години и добија суспензии поради кршење на етичките прописи.
По нив на чело седна Џани Инфантино, кој сега доби тужба за нелегално прекумерно влијание од страна на Платини.
Поранешниот француски фудбалер го тужи Инфантино и тогашниот прв човек на правниот сектор Марко Вилигер.
Аферата во ФИФА изби во 2015 година, кога десетина високи службеници беа уапсени во истрагата на американското обвинителство и ФБИ, а неодамна САД ѝ врати на Светската фудбалска федерација над 200 милиони долари.