Драматична ситуација во тимот на Ѓоковиќ на Ролан Гарос


Финале во Лига на Шампиони: Младиот ПСЖ против искусниот Интер! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ успеа да помине во трето коло на Ролан Гарос. Со малку проблеми во третиот сет и медицински тајм-аут, го победи Корентин Муте (6:3, 6:2, 7:6).

Потоа се појави на прес-конференција и откри загрижувачка информација. Во ложата на мечот не беше Миљан Амановиќ, тој откри зошто.

„За жал, Миљан Амановиќ е во болница, имаше сериозна ситуација и операција. Не би сакал да влегувам повеќе во детали. Да, сите не загрижи тоа. Моментално е добро, но не е баш идеално. Мора да остане во болница неколку дена, тоа е сè што можам да кажам. Примија ја информацијата пред мечот. Сите сме загрижени. Се надевам ќе биде сè во ред со него. Грич е со него целиот ден.”

Фотографија: Принтскрин