Драстичен потег на Манчестер јунајтед: Роналдо ќе „летне“ од клубот!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од најдобрите фудбалери во историјата, Кристијано Роналдо направи скандал на мечот меѓу Манчестер јунајтед и Тотенхем (2-0) откако одби да влезе во игра во завршницата од натпреварот, а потоа предвреме си замина од стадионот.

Тренерот Ерик Тен Хаг реши да го отстрани од тимот за дербито против Челси кое се игра в сабота во рамки на Премиерлигата, а новинарот Пит Хол од „Скај Спортс“ пишува дека се очекува нов удар од Манчестер јунајтед.

Раководството на „ѓаволите“ и Роналдо мора да седнат наскоро и да разговараат за потенцијално решение.

„Извори од Јунајтед активно разговараат за заминување на Роналдо, а ако неговиот агент Жорж Мендеш не најде клуб за него, тогаш се подготвени да му го раскинат договорот“, вели новинарот.