Дресот на Модриќ достигна највисока цена на аукцијата на Реал Мадрид (ФОТО)

Во четвртокот попладне заврши аукцијата на Реал Мадрид, кој продаваше дресови на фудбалери кои беа носени на мечот против Еибар.

Интересно е тоа што дресот на Лука Модриќ беше најскапо продаден и тоа за повеќе од двојно од дресот на Еден Азар. Непознато лице од САД победи на аукцјиата и даде 7.000 евра за дресот на Хрватот.

Далеку зад него се Азар и Серхио Рамос, чии дресови беа продадени за 3.200 и 3.101 евро, а дресот на Герет Бејл беше продаден за 1.557 евра.

Дресот на Крос чинеше 1.550, тој на Бензема 1.450, а најефтиниот на Милитао изнесуваше 839 евра.

Реал Мадрид во четвртокот го одигра мечот против Валенсија и ја победи со убедливи 3-0.