Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Американските кошаркари беа поуспешни во денешното финале од Франција со 87-82 и така го освоија златниот медал на Олимписките игри во Токио.
Ова е четврти пат дрим-тимот на Америка да освои златен медал по ред на игрите, откако им се одмаздија на Французите за стартниот пораз.
Франција имаше водство само на почетокот од натпреварот со 12-6, но потоа САД ја презема контролата и предноста која не ја испушти до последниот звук на сирената.
Кевин Дурант постигна 29 поени, Тејтум додаде 19, Холидеј и Лилард дадоа по 11 кај САД, додека кај Франција најдобри беа Фурние и Гобер со по 16 поени.
Во мечот за третото место ќе играт Словенија и Австралија.