Другите се плашат да признаат: Вилијан откри што мисли за рестартот на Премиерлигата


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Премиерлигата е прекината пред повеќе од два месеци поради пандемијата на коронавирусот, а и понатаму не е јасно дали ќе биде продолжена, иако сите се надеваат дека тоа ќе се случи во јуни.

Меѓутоа, постојат голем број фудбалери во премиерлигашките клубови, кои се противат на идејата да продолжи сезоната, а меѓу нив е и Вилијан од Челси.

„Искрено, знам многу фудбалери кои не сакаат да се вратат на терен поради тоа што не се чувствуваат безбедно, а тоа е наш приоритет. Здравјето секогаш го ставаме на прво место. Играчите нема да прифатат идеја да се игра фудбал додека не бидат целосно безбедни. Уште се надеваме дека ова ќе се реши“, кажа Вилијан.