Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо се вознемирил поради посетата на државните инспектори. Италијанските тимови почнаа со тренинзи, а инспекторите пристигнале да се проверат работата на клубот, односно дали се однесуваат фудбалерите според протоколите.
Но, државните инспектори не си поминале најдобро на тренингот на Наполи бидејќи тренерот Џенаро Гатузо решил да ги нападне и им порачал дека тимот ги почитува сите мерки и правила.
„Ние немаме што да криеме, внимателни сме и ги почитуваме правилата“, кажа Гатузо бесен зашто му се прекинува тренингот.
Наполи уште минатата недела почна со индивидуални тренинзи, но од утре во можност ќе биде да имаат целосни тренинзи.