Дуелот меѓу Македонија и Азербејџан ќе биде со директен пренос на – МТВ!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонските ракометари в недела ги почнуваат мини-подготовките за ЕХФ-неделата во која играат два квалификациски меча за пласман на Европското првенство (ЕП) во 2024 година.

Ракометарките на селекторот Кристијан Грчевски на 11 октомври ќе се соочат против Азербејџан на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“, а директен пренос од мечот ќе има на МТВ.

Македонија ќе игра и против Литванија на 15 октомври во Вилнус, додека во нашата група се наоѓа и Шпанија.

ЕП во 2024 година ќе се одржи во Австрија, Унгарија и Швајцарија.