Дуксерот во кој се појави Мануел Ноер му направи огромни проблеми на Баерн


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Мануел Ноер вчера одржа прес-конференцијата на која се појави облечен во сосем обичен дуксер.

Сепак, дуксерот на познатата марка Champion им направи огромни проблеми на Баерн, бидејќи според договорот со германската компанија Adidas, играчите на Баерн се должни да ги носат нивните производи кога се на јавни настапи.

Во Adidas се премногу лути на Ноер и Баерн за оваа ситуација дури размислуваат за санкции према клубот.

„Мануел Ноер како играч на Баерн е должен да ги носи исклучително Adidas производи. Поради дуксерот во кој се појави на прес-конференцијата ќе одржиме состанок со клубот и со играчот“, рече гласноговорникот на Adidas, Оливер Бруген.

Adiddas е еден од најголемите спонзори на минхенскиот клуб и сосема е сигурно дека нема туку-така да помине покрај кршењето на правилата од договорот.