Дурант ќе го пропушти мечот против Србија на Олимписките игри

Американската селекција се соочува со проблеми пред стартот на Олимписките игри во Париз, затоа што селекторот Стив Кер не може да смета на Кевин Дурант.

Дурант сè уште е повреден и не може да настапи, односно според прогнозите ќе го пропушти мечот меѓу САД и Србија на 27 јули.

„Мислам дека Србија ќе игра без Кевин Дурант. Стив Кер имаше состанок со него и решиле да му дадат повеќе време“, кажа новинарот Брајан Виндхост

Дурант има проблеми со листот на ногата, па поради тоа пропушти и голем дел од подготвителните дуели.