Дурант поради бизарна повреда ќе паузира до плејофот во НБА-лигата


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Феникс санс со ангажирањето на Кевин Дурант станаа едни од фаворитите за титулата во НБА-лигата, но американскиот кошаркар повторно се повреди и ќе паузира до плејофот.

Дурант пред мечот со Оклахома, на загревањето, доживеа повреда на скочниот зглоб при обид да забие една топка.

Докторите препорачаа Дурант да паузира три недели, по што ќе следат медицински прегледи по кои ќе биде јасна ситуацијата на искусниот кошаркар.

Американскиот кошаркар веќе пропушти 20 меча при престојот во Бруклин нетс поради повреда, додека за Феникс настапи на три меча.