Дурант си оди од Бруклин и се сели во Бостон!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Американскиот кошаркар Кевин Дурант планира да си замине од Бруклин нетс и следната сезона да заигра за нов тим, а како таков се споменува Бостон.

Новинарот Адријан Војнаровски објави дека преговорите меѓу Бруклин и Бостон се во тек, а ова е изненадување со оглед на тоа дека претходно екипата не покажа голем интерес за Дурант.

Дурант неодамна побара да си замине од Бруклин и сега раководството на тимот бара најдобра опција за неговата иднина, а како конкуренти за неговиот потпис се споменуваат и Мајами, Феникс и Торонто.

Овој 33-годишен кошаркар минатата сезона во просек постигнуваше по 29,9 поени по меч, а имаше и просек од 7,4 скокови и 6,4 асистенции.