Дури 200.000 навивачи сакаат да го гледаат Милан на „Сан Сиро“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Серија А влегува во пеколна завршница, па во последните две кола ќе се решава прашањето за шампионот, а во моментов Милан е со два бода повеќе пред Интер.

Милан до крајот на сезоната треба да игра со Аталанта и Сасуоло, додека Интер ќе се соочи со Каљари и Сампдорија со надеж дека нивниот градски ривал ќе направи кикс.

Навивачите на Милан се свесни за тоа колку е важен натпреварот и многумина од нив сакаат да бидат на „Сан Сиро“, но тоа е невозможно за сите.

Дури 200.000 луѓе испратиле барање за влезница, но јасно е дека повеќе од половина ќе мора да го гледаат мечот на ТВ-екраните затоа што стадионот има капацитет од 80.018 места и сите се распродадени.