Дури девет тренери во конкуренција да го заменат Тен Хаг


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед во следната сезона сака да влезе со нов тренер, па сè повеќе се зголемува притисокот врз Ерик Тен Хаг.

Во изминатите денови се споменуваше Герет Саутгејт како човек кој ќе седне на кормилото на Тен Хаг, но сега се појавија уште осум имиња.

„ЕСПН“ објави девет тренери кои се на радарот на „црвените ѓаволи“, а наскоро треба да биде донесена конечна одлука.

Раководството на премиерлигашот ги разгледува Грем Потер, Роберто Де Зерби, Томас Френк, Томас Тухел, Хулен Лопетеги, Зинедин Зидан, Рубен Аморим, Џулијан Нагелсман и Ангелос Постекоглу.