Дури и да ја освои Премиер лигата, Ливерпул нема да ја прослави титулата со оригиналниот пехар


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Дури и да се случи чудо и Манчестер Сити да загуби од Брајтон, а Ливерпул да го победи Вулверхемптон на „Енфилд“, што е и очекувано, „црвените“ нема да може да радуваат на вистинскиот трофеј од Премиер лигата.

Имено, оригиналниот трофеј се уште е во витрините на „Етихад“ и истиот ќе патува во Брајтон каде Манчестер Сити го игра натпреварот на кој не смее ни да помисли да киксне.

Сепак, во случај на изненадување, организаторите мора да обезбедат трофеј и за Ливерпул кој би бил доделен на „Енфилд“. Токму затоа од Премиер лигата ќе испратат реплика од оригиналниот трофеј, па доколку Ливерпул го освои шампионатот ќе може да се израдува на репликата на оригиналот.