Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После заминувањето на Сер Алекс во пензија, тој како свој наследник го одбра Мојс, но на шкотскиот стручњак управувањето со тимот на Црвените Ѓаволи не му тргна како што беше очекувано и тој на клупата помина само неколку месеци.
Мојс беше отпуштен во април во 2014 година, а после на Олд Трафорд се сменија многу менаџери, но Јунајтед не можеше да се исправи на нозе после заминувањето на Фергусон.
Оваа сезона отказ доби и Жозе Мурињо, неговото место го наследи Оле Гунар Солскер кој имаше одличен почеток. Сепак, во последно време Јунајтед игра катастрофално.
Моментално најлошото од клубот на Манчестер се изразува на виделина, па затоа тимот на Ѓаволите е поразен на гостувањето кај Евертон со резултат од 4:0.
Мојс го коментираше денешниот пораз на Јунајтед и имаше интересен коментар за се.
„Одамна немав видено вака лош настап на Јунајтед. Публиката можно е да побара некои од моите натпревари кои ги водев додека бев менаџер, но морам да кажам дека не беа вака лоши како денешниот натпревар“, искрено истакна Мојс.