Дури осум судии ги заборавија правилата: Имало уште еден скандал пред пеналот за Англија 🎥


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


За првпат во историјата на Европските првенства (ЕП) во финале ќе игра Англија, која славеше против Данска во полуфиналето.

Англичаните на „Вембли“ беа подобар ривал и на крајот заслужено се пласираа понатаму, но начинот на кој го направија тоа остави дамка врз фудбалот.

Во 103. минута беше досуден срамен пенал за Англија по падот на Рахим Стерлинг во казнениот простор, а впечатокот е дека напаѓачот на Манчестер сити многу лесно падна.

Главниот судија не размислуваше премногу, па покажа на белата точка, а на пеналот му претходеше нов скандал бидејќи во тек на акцијата беа две топки на теренот и според правилата мечот требаше да биде запрен.

Меѓутоа, дури осум судии кои беа на натпреварот не успеаа да ја забележат оваа сцена што предизвика дополнителни критики.

Англија во финале на „Вембли“ ќе игра на 11 јули против Италија.