Дуро не може да ја води Струга против Бреидаблик поради суспензија!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Струга Трим Лум в четврток ќе заигра против Бреидаблик во првиот меч од плејофот за Конференциската лига.

Тренерот Шпетим Дуро кажа дека добил суспензија од УЕФА и не може да биде на клупата.

„Дознав дека имам суспензија од УЕФА. Мора да го прифатам тоа затоа што реагирав бурно по провокација од клупата на тимот од Луксембург. Изгубив контрола и жал ми е поради тоа“, вели Дуро.