Душко Тошиќ нападнат на Калемегдан: Хулигани му се заканувале со ножеви!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српскиот фудбалер Душко Тошиќ бил нападнат на Калемегдан, а во негово друштво биле уште неколку играчи.

Тошиќ, по објавата на српските медиуми, се јави на социјалните мрежи и раскажа што се случило.

„За да спречиме шпекулации, точно е дека бевме нападнати на Калемегдан. Тоа беше поголема група хулигани вооружени со ножеви и електро-шокери. За среќа, поминавме без поголеми последици, а полицијата ги уапси напаѓачите“, кажа Тошиќ.