Два гола на Јовиќ ги „запалија“ Шпанците: Сите го бранат Зидан – ќе играше ако заслужеше!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Лука Јовиќ постигна два гола во еден меч по враќањето во Ајнтрахт Франкфурт. Србинот повторно покажа дека има квалитет и зошто го купи Реал Мадрид.

Многумина го осудија тренерот Зинедин Зидан затоа што му даде простор од само 1.014 минути на Јовиќ и порачаа дека згрешил зошто го пуштил да се врати во Франкфурт.

Еден од новинарите на шпанска „Марка“ се налути поради односот кон Зидан.

„Јовиќ даде ист број голови за Франкфурт за 28 минути, како за година ипол во Реал Мадрид, а сите зборуваа само за една работа: Кој е тренерот кој на Јовиќ не му даде шанса? Тие го обвинуваат само затоа што гледаат виновник во него, а не во Јовиќ. Ако заслужеше, ќе играше повеќе. Тоа што Јовиќ се запиша во листата на стрелци е добра вест за Реал зашто со него имаат долгогодишен договор“, вели новинарот на „Марка.“