Два клуба од Премиер лигата сакаат да го донесат Гонзало Игуаин во Премиер лигата


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Гонзало Игуаин речиси сигурно ќе си оди од редовите на Јувентус ова лето. Постои веројатност Аргентинецот да се врати во Премиер лигата затоа што два клуба пројавиле интерес за искусниот напаѓач.

Наводно, Њукасл и Вулверхемптон се подготвени да му понудат солидни примања на напаѓачот кој има една неуспешна полусезона во Премиер лигата носејќи го дресот на Челси.

За Игуаин има интерес и од клубови од неговата родна Аргентина, а се шпекулира дека тој би можел да заврши и во Атлетико Мадрид.