Два клуба пред Манчестер јунајтед ја активирале откупната клаузула на Аморим


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Манчестер јунајтед потврди пред неколку дена дека Рубен Аморим е новиот тренер на овој клуб во кој доаѓа од Спортинг. „Црвените ѓаволи“ ја активираа откупната клаузула на португалскиот тренер, но пред него тоа го направија уште два клуба кои тој на крај ги одби.

Овој 39-годишник привлече внимание на многу клубови по одличните резултати во клубот од Лисабон, а сега е откриено дека пред Манчестер јунајтед имаше и две сериозни понуди.

Имено, португалските медиуми открија дека Аморим пред понудата на Манчестер јунајтед имаше уште два повика, и дека клубовите исто така ја активираа откупната клаузула, но тој на крајот ги одби.

Првиот клуб што беше подготвен да плати 10 милиони евра на Sporting беше саудискиот Ал Наср, но Аморим одлучи да не оди во Саудиска Арабија.

После тоа имаше шанса и порано да оди во Премиерлигата. За него сериозно беше заинтересиран Вест Хем, но и тогаш 39-годишникот одлучи да се заблагодари на понудата и да остане во Лисабон.