Два тима гласаа за прекин на сезоната во НБА


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Драматична ноќ синоќа во НБА-лигата.

Синоќешните натпревари во плеј-офот беа одложени откако екипите решија да ги бојкотираат истите, поради полициската бруталност кон Афроамериканците, а синоќешните три меча беа откажани.

Сепак, се чини дека плеј-офот ќе продолжи. Синоќа екипите гласаа за продолжување на сезоната и сите екипи освен Лејкерс и Клиперс гласаа да продолжат.

Кошаркарот на Лејкерс, Леброн Џејмс беше најгласниот. Тој побара од сопствениците да бидат повеќе вклучени, и го напуштил состанокот.

Кошаркарите и денеска ќе одржат средба и ќе биде донесена конечна одлука за продолжување на сезоната.