Двајца фудбалери не се во плановите на Анчелоти


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Карло Анчелоти е свесен дека Реал Мадрид има потреба од уште засилувања, иако летово пристигнаа неколку фудбалери, но и покрај тоа ќе се обиде да постигне добри резултати.

„Кадена СЕР“ објави дека Анчелоти идната сезона нема да смета на двајца фудбалери, а тоа се Алваро Одриозола и Хесус Ваљехо.

Ваљехо игра како централен дефанзивец и тешко дека ќе добие шанса покрај Антонио Рудигер, Начо Ернандез, Едер Милитао и Давид Алба.

Одриозола е десен бек, но дефинитивно нема да добие минутажа покрај Дани Карвахал, па поради тоа се шпекулира дека ќе биде испратен во Реал Сосиедад.