Двајца соиграчи на Кире Лазаров се позитивни на корона!

Нант утрово објави на социјалните мрежи дека двајца нивни ракометари се позитивни на коронавирус.

Тестовите биле направени по гостувањата кај Монпелје во француското првенство и Алборг во Лигата на шампиони, а имињата на позитивните играчи не се откриваат.

Според првите информации од Франција, ракометарите се во изолација и се наоѓаат во добра состојба, а не покажуваат симптоми на вирусот.

Исто така, екипата планира да направи тестирање на сите членови, по што ќе биде познато дали уште некој ракометар или член на стручниот штаб е заразен со вирусот.